Општина Центар како централна општина во градот често ги збунува граѓаните во однос на ингеренциите за постапување, вели градоначалникот на Општината, Горан Герасимовски.
Тој истакна дека ова било констатирано и за време на трибините „Заедно одлучуваме“; кои во изминатиов период ги реализираше со жителите на Центар. Герасимовски потенцира дека жителите често барале решавања на проблеми за локации кои не се во надлежност на Општината.
-Често вашите барања се однесуваа на локации кои се надвор од надлежностите на Општина Центар, најчесто за одржувањето на јавната хигиена. Сепак за општо добро веќе неколкупати сме постапиле и во ваш интерес повторно ќе постапиме доколку тоа стане неопходно. Но во интерес на граѓаните повикувам на навремено реагирање и постапување секој според надлежностите - вели Герасимовски.