Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во новото издание на „Стадион“ на Канал 77 кажа дека одлуката на градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов за напуштање на ЗЕЛС е избрзана.
„Верувам дека работата на градоначалникот е отежната, можеби има и политички влијанија и притисоци, но одлуката за напуштање на ЗЕЛС е избрзана. Проблемот со питката вода за пиење во Струмица е евидентен и сигурен сум за притисокот кој се чувствува од граѓаните, но сметам дека пред да се донесе конечна одлука претходно е неопходна координација, состанок и решавање на проблемите на маса“, рече Герасимовски.