Герасимовски од „кафе-муабет“ го најави носителот на советничката листа во Општина Центар - еве за кого се работи

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска преку кратко видео на социјалните мрежи го најави носителот на советничката листа на Општина Центар. 

Станува збор за докторот Алек Савески, за кого Герасимовски рече дека е негов другар и дека заедно ја составувале листата на која ќе се нашле професионалци, стручни луѓе кои дале свој допринос во развојот на општината.

„Утро без кафе? Нема шанси. За нови идеи и победа, заедно со д-р Алек Савески ја креираме победничката советничка листа за Центар, на која тој ќе биде нејзин носител. Верувам во заеднички успех!“, гласеше натписот на објавата.