
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски утрово во објава на социјалните мрежи информираше дека не потрошил ниту еден денар од граѓаните на непродуктивни трошоци, како патувања и угостителски услуги.
„И тие 2 милиони денари ги пренаменивме за потребите на социјално ранливи граѓани. Сите одлуки коишто ги носев ги правев единствено во интерес на центарци. Не делев, обединував. Не бегав од проблемите, ги решавав. Не се криев од луѓето, одев кај луѓето. Не седев во фотелјата, туку бев на улиците и во домовите, таму каде што е најважно и најпотребно“, истакна Герасимовски.
Тој воедно посочи дека бил достапен и отворен за сите и дека тој и неговиот тим немале и немаат дилеми, туку дека се тука и мораат да работат само за Центар.