Герасимовски: Нашите хигиеничари не можат да постигнат, Градот е задолжен за преполните контејнери

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски во гостувањето на „Студио 10“ на ТВ24 кажа дека џабе се и 300 хигиеничари ако град Скопје не чисти според ингеренциите.

„Сликата за јавната хигиена често зборува за нередовното одржување чистота во општините. Но џабе ни се и 200 и 300 хигиеничари ако градот не чисти според ингеренциите. Измешаноста на ингеренции носи погрешна слика кај граѓаните и преработеност на хигиеничарите. Дека доколку постои некаква законска можност или регулатива ние како општина да ги преземеме ингеренциите верувам дека хигиената ќе биде на многу многу повисоко ниво“ кажа Герасимовски.