Герасимовски најави нови 260 паркинг места - ќе се гради катна гаража во Капиштец

Обезбедуваме нови 260 паркинг места со изградба на новата катна гаража во Капиштец, информираше градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на трибината „Заедно одлучуваме“. 

Тој зборуваше за инфраструктурните зафати кои ги реализирала Општината, пензионерскиот клуб во т.ц Беверли Хилс, реконструираното спортско игралиште и за новиот проект за реконструкција на зеленило од т.ц Зебра до Беверли Хилс. Целта на трибините на Герасимовски е да го сподели со граѓаните сработеното во изминатата една година од неговиот мандат како градоначалник на Општина Центар. 

За денес, најави уште една трибина, во ООУ „Ј.Х.Песталоци“.