
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски најави дека од следната година ќе воведат бесплатен и здрав оброк за сите ученици кои посетуваат целодневна настава.
„Воведуваме бесплатен и здрав оброк за сите ученици кои посетуваат целодневна настава“, истакна Герасимовски во објава на социјалните мрежи.
Тој посочи дека со оваа мерка, која започнува од следната година, ги ослободуваат родителите од трошоци за исхрана во училиште кои моментално изнесуваат 2.500 денари.