Герасимовски: Контролите на Зелено пазарче дадоа резултат, ги нема ѓубрето и тревниците се ослободени

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски кажа дека засилените контроли на Зелено пазарче имале резултат.

-Ги нема ѓубрето и сметот и тревниците се ослободени. Патеките се проодни и граѓаните можат слободно да си ги вршат секојдневните обврски. Засилените контроли на Зелено пазарче дадоа резултат.

Акциите на Секторот за инспекциски работи за расчистување на нелегалните препродавачи во околината на Зелениот пазар се спроведуваат во континуитет веќе месец и половина, а притоа се изречени 90 казни.