Герасимовски: Ќе се испитува чие е земјиштето и градбите каде што избувна пожарот

Ќе се испитува чиво е земјиштето и градбите каде што избувна пожарот кај Рампа, рече градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски

Според првичните информации, во тие бараки имало населено ромско семејство.

-Имаме информации дека семејството неколку месеци било присутно во бараките, првичните информации кажуваа дека имало деца внатре за време на пожарот, но од МВР велат дека немало никој. Ова е трет пожар од кога сум градоначалник и за трите пожари причината  за настанување е една - диво вселени граѓани, кои се причинители на самиот пожар.- истакна Герасимовски. 

Благодарение на брзата интервенција на Бригадата за противпожарна заштита пожарот е локализиран.

-Станува збор за опожарена барака, залепена со соседен објект. Брзо е интервенирано, пресечено е ширењето на пожарот на другите објекти. Интервениравме со 6 противпожарни возила и 20 пожарникари. Ни беше кажано дека престојувале бездомни лица, во моментот не најдовме никого. Тешко беше за пристап зошто во околина има објект во градба, но нема оштетувања на дуќанот до бараката, што значи успешно ја реализиравме акцијата. - истакнаа од Бригадата за противпожарна заштита. 

Градоначалникот Герасимовски, додаде дека дополнително во текот на денот, Општината ќе се прозинесе кој е сопственикот и на бараките и на земјиштето, каде што избувна пожарот.