Градоначалникот Горан Герасимовски заедно со претседателот на СДСМ, Венко Филипче извршија увид во градежните работи на салата „Работнички“. Како што напиша Герасимовски на социјалните мрежи салата ќе биде пуштена во септември додека реконструкцијата се одвива во полн ек и веќе е почната втората фаза од изградбата.
„Салата Работнички е срцето на македонската кошарка. Таа е дел од нашето колективно паметење, генерации израснале тука – како спортисти, како навивачи, како луѓе. Нашиот Работнички го враќаме дома – на својот победнички терен. Работиме посветено, и ја менуваме реалноста – чекор по чекор, проект по проект. Работнички е нашата гордост. Нашата сила. Наш поттик за нови победи!“, напиша Герасимовски.