
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски сподели видео објава на Фејсбук, која е видео порака од познатиот македонски пеач Дарио. Во пораката Дарио ги повика скопјани да го посетат музичкиот хепенинг наречен „Нешто што ќе остане“.
Музичкиот настан е најавен за 13 септември, со почеток од 19:30 часот во Паркот на Франкофонијата.
„Ве чекам во сабота, 13 Септември на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, заеднички со добра музика и дружба да создадеме незаборавни спомени. Дарио со Миг-21 се едни од изведувачите кои ќе остават трага за едно убаво време“, галасеше натписот на Герасимовски.