
На Ленинова пиев кафе со нашите хигиеничари, Миндера Мамутова и Азем Фета, вредни и добри работници. Велат дека се задоволни што конечно им е регулиран работниот однос, а и платите се многу подобри отколку пред неколку години, сподели денеска градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
„Во Центар работат 120 хигиеничари. Повеќе од половината веќе се пријавени, а во наредниот период ќе ги пријавиме и останатите. Изминативе години платите речиси двојно им се зголемени.Во наредниот период ќе набавиме и нова механизација, уште две цистерни и пет метларки за поефикасно и полесно чистење, истакна Герасимовски во својата Фејсбук објава.
Воедно, тој упати и „големо благодарам“ на центарските хигиеничари, за кои вели дека ја вршат можеби најтешката, но и најважната работа во општината и во градот.