Герасимовски: Градежен инспектор на Општина Центар затвори градилиште на булевар „Никола Карев“

Градежен инспектор на Општина Центар денес изврши вонреден инспекциски надзор и затвори градилиште на бул. „Никола Карев“, каде се гради објект за кој нема издадено одобрение за градење, информира градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.

-Станува збор за нелегален објект на непознат инвеститор, за кој е издадено и решение за отстранување. Апелираме до сите инвеститори, при почеток на изградба да ја поседуваат целосната документација. Во спротивно, објектите нема да бидат легални, ќе добијат решенија за отстранување, а доколку сами не ги отстранат, општината ќе го стори тоа, со што трошокот ќе падне на товар на инвеститорите, односно сопствениците - соопшти Герасимовски.