Герасимовски: Ги повикувам пензионерите да аплицираат на јавниот повик за доделување финансиска помош

Градоначалникот на Општина Центар, повторно ги повика пензионерите со пензии до 17.518 денари, да аплицираат на јавниот повик за доделување финансиска помош. Герасимовски гостуваше во емисијата „10 минути“, на ТВ 21.

-Верувам дека социјалните проекти кои ги спроведува Општина Центар и со кои ги опфаќа повозрасните граѓани, семејства во социјален ризик, згрижувачките семејства и децата од малите групни домови се од големо значење во услови на постапувањата предизвикани од економската криза. Меѓу проектите стана збор и за Јавното претпријатие за производство и продажба на струја кое планираме да го оформиме со цел да ги намалиме трошоците во буџетот - истакна Герасимовски.