Герасимовски: Еколошки нано филтри доби и детската градинка „Палешка“

И детската градинка „Палешка“ доби еколошки нано филтри - објави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. 

Тој на својата официјална Фејсбук страница истакна дека Општината вложува во здравјето на најмалечките, затоа што како што рече, нивниот правилен раст и развој се најважни. 

-Еколошки нано филтри доби и детската градинка Палешка, клон на матичната градинка Корчагин. Овие нано филтри ќе обезбедат сигурна заштита за нашите дечиња од ПМ честички, алергени, прашина, смог и различни бактерии. - напиша Герасимовски во објавата.