Герасимовски демантира: Не сум вршел никаков притисок за упис на дете со насилно однесување

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски демантира дека вршел било каков притоск за упис на дете со насилно однесување во редовна настава во ООУ „11 Октомври”.

„Тврдам дека ниту сум иницирал, ниту сум бил информиран за каква било постапка во врска со ученикот, а особено не за вмешаност на општината во вакви прашања. Во текот на утрешниот ден, основното училиште „11 Октомври” ќе излезе со целосна информација за овој случај.

Како градоначалник, секогаш стојам зад принципиелни и законски одлуки и немам намера да дозволам дезинформации кои наметнуваат лажна слика. Барам од сите вклучени страни, особено од медиумите, да се воздржат од непроверени наводи кои го загрозуваат интегритетот на институцијата и сеат недоверба меѓу граѓаните“, посочува тој.