Герасимовски: Блеска Паркот на Франкофонијата

606 првачиња во Паркот на Франкофонијата во Скопје, положија заклетва дека ќе бидат вредни и успешни ученици. 

Градоначалникот на Општина Центар, на официјалната Фејсбук страница објави фотографии од активностите во паркот на Франкофонијата во Скопје, во рамки на одбележувањето на Детската недела. 

„Блеска Паркот на Франкофонијата“, напиша Герасимовски. „606 првачиња положија заклетва дека ќе бидат вредни и успешни ученици, ќе ги слушаат наставниците и ќе постигнуваат резултати. Драги дечиња, ви посакувам голема желба за учење за утре успешно да излезете и се справите со предизвиците. Ние сме тука да бидеме ваша поддршка низ целиот процес на основното образование. Бидете среќни деца, сакајте ги своите родители и почитувајте ги најблиските. Така вашите родители ќе бидат горди на Вас, а покрај нив и ние како општина - напишал градоначалникот Герасимовски.