Герасимовски: Безбедноста на основните општински училишта и градинките во Центар е на високо ниво

Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасиновски во гостувањето на Ја сакам Македонија на Сител ТВ зборуваше за безбедноста на општински училишта и градинките. Тој кажа дека безбеноста е на високи нови и се сега се прават обуки за евакуација на учениците.

„Утрово гостував во Ја сакам Македонија на Сител ТВ. Разговаравме за инспекциските надзори коишто ги спроведуваме, безбедноста на основните општински училишта и градинките е на високо ниво. Минатата година, направивме обуки со Црвениот крст за евакуација на наставниот и стручниот кадар, а сега дополнително се прават обуки и за евакуација на учениците. Проверени се сите хидранти, ПП апарати, дополнително и електричната инсталација во самите училишта со цел нашите деца да бидат што побезбедни. Родителите можат да бидат спокојни, затоа што грижата е на највисоко ниво и самата безбедност во нашите училишта и градинки“, кажа Герасимовски.