Герасимовски: 3.300.000 денари издвоени за пензионерите кои немаат повисоки пензии од 17.518 денари

3.300.000 денари ќе легнат на сметките на нашите сограѓани со пензии не повисоки од 17.518 денари до крајот на следниот месец, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. 

-Во Oпштина Центар има околу 4.000 пензионери и сите кои го исполнуваат условот ќе добијат финансиска поддршка, никој нема да биде изоставен. Како градоначалник сум посветен на поддршка на повозрасните, тие се наши дедовци и баби, мајки и татковци, на нив им должиме многу. Општината е сервис кој треба да се грижи и се грижи за оние кои се силно погодени од кризата - вели Герасимовски. 

Тој смета дека ваквата финансиска поддршка ќе биде многу значајна, за да се покријат основните трошоци и амортизираат поскапувањата кои се резултат на глобалната економска криза.