Георгиевски: Се поставува цевковод за корисниците во Марино и Јака

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, присуствуваше на почетокот на изградбата на нова водоводна линија во дел од н.м Марино и месноста Јака.

На официјалната Фејсбук страница, објави фотографии од увидот и ги кажа деталите околку зафатот.

-Станува збор за нов цевководот со дијаметар Ø220 во должина од 400 метри, со кој ќе биде направено поврзување на водоводната мрежа во дел од населеното место Марино и месноста Јака со примарната водоводна линија. Со поставување на овој цевковод ќе се обезбеди доволно количество на вода за корисниците во Марино и Јака, при што ќе биде решен долгогодишниот проблем со водоснабдувањето и недоволниот притисок - напиша Георгиевски.