Георгиевски: Се подобрува патната инфраструктура во стопанските комплекси и економски зони во Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, информира дека продолжуваат активностите за подобрување на патната инфраструктура во стопанските комплекси и економски зони во Општината. 

Како што соопшти Георгиевски, тоа се должи на соработката на Општината со општествено одговорните компании. Георгиевски информираше на кои локации интензивно се работи.

-Со полн интензитет се работи на асфалтирање на улица „6“ во стопанскиот комплекс „Илинден“, каде досега се завршени 150 метри, а преостанатите 450 метри ќе се завршат наредната година. Грижата за успешно функционирање на бизнис секторот е дел од мојата програма и во иднина ќе продолжиме заеднички да реализираме вакви проекти - потенцираше градоначалникот.