Генијални мисли од Антон Чехов

 

Антон Чехов и неговите раскази имаат оставено силно влијание во светската книжевност, а мудростите на Чехов и денес често се споделуваат. Денес споделуваме неколку од нив за да ве инспирираат и замислат.

„Доброто воспитување не се состои од тоа да не истуриш сос на масата, туку во тоа да не забележиш ако некој друг го стори тоа.“

„Колку е убаво да седиш дома кога дождот удира по кровот и кога знаеш дека во твојот дом нема досадни луѓе.“

„Ако не знаеш што чувствуваш кон некого – затвори очи и замисли дека го нема. Го нема и нема да го биде. Тогаш сè ќе ти биде јасно.“

„Не може да барате од калта да не биде кал.“

„За да чувствувате среќа без крај, дури и во моментите на тага и жалост, треба: а) да умеете да бидете задоволни со сегашноста и б) да уживате во сознанието дека може да биде и полошо.“

„Сè знаат и сè разбираат само будалите и аферистите.“

„Добар човек чувствува срам и пред куче.“

„Спознај се самиот себеси“ е добар и користен совет, штета што никој не прецизира како се применува овој совет.

„Животот е всушност многу едноставна работа и човек треба да вложи многу напор за да ја расипе.“