„Генералка викенд“ за зелена, чиста и убава општина Бутел

Денеска во општина Бутел беше реализирана голема акција за чистење и уредување на голем број локации во нашата општина.

-Заедно со учениците од општинските основни училишта, децата од градинките, како и граѓаните на општина Бутел се приклучивме на оваа голема еко акција, информира градоначалникот Дарко Костовски.

Собран е одпадот од сите училишни дворови, јавни површини и местата каде што се собираат најмладите. А исто така, во изминатите денови во склоп на оваа акција беа исчистени и училиштата од насобраниот кабаст отпад кој се собирал со години.

-Развивањето на еко-свеста е наша обврска и постојан процес на кој обрнуваме и вложуваме големо внимание, објави Костовски на Фејсбук.