„Генералка“ на ул. Шарпланинска во Ѓорче

По четири децении, улицата „Шарпланинска“ добива целосно нов лик, информираат од Ѓорче Петров која деновиве доби бројни критики за хигиената на повеќе места во општината.

- Откако беше темелно исчистена од страна на општинската служба, заедно со Град Скопје и јавното претпријатие „Комунална хигиена“, се работеше на втората фаза-чистење со метларка и миење со цистерна. Воедно, екипи на јавното претпријатие „Водовод и канализација“ ги чистеа и одводните шахти на истата улица кои исто така, четири децении, не биле исчистени, информираше Александар Наумоски, градоначалник на Ѓорче Петров.