ГДУ: Жителите на Бутел се лекуваат во мизерни услови (фото)

ГДУ- Бутел прашува: До кога жителите на општина Бутел нема да ги имаат основните услови и човекови права за нормално функционирање? 

„Во овој зимски период, кога вирусите се во подем и се почесто сме принудени да побараме лекарска помош, општината Бутел на своите жители од населбите Радишани, Љуботенски Пат, Бутел и останатите делови, своите лекарски услуги треба да ги добијат во пристојни амбуланти. Но наместо тоа жителите се приморани да се лекуваат во мизерни услови, дотраени објекти и без сопствена лабараторија, бидејќи нема услови за истото. Таков е примерот со амбулантата (ако може така да се нарече) поточно бараките на амбулантата во населбата Бутел во непосредна близина на новоизградената Општина, пишува во соопштението од ГДУ- Бутел.