Гдањск последна препрека за Рио

Македонската ракометна репрезентација квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе го игра во Гдањск, Полска.

Ова е одлуката што е донесена за време на состанокот од страна на ИХФ, а официјално ќе биде обелоденета во јавноста во текот на денешниот ден. Иако одредени медиуми тврдеа дека натпреварите од првата предолимписка група ќе се играат во Тунис, оваа опција експресно била отфрлена.

Полјаците уште за време на европскиот шампионат го посочија Гдањск како град во кој би го одржувале овој турнир. Македонија и Полска се во група со Чиле и Тунис, а пласман на Олимписките Игри обезбедуваат двете најдобри селекции.