Гази Баба зимава е една од најзагадените општини во Скопје, во Карпош воздухот најчист

Проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје останува актуелен, но бројот на денови со нечист воздух и измерените загадувачки концентрации изминатава зима се нешто помали во споредба со претходната зима, особено кај најопасните ПМ 2.5 честички.

Во текот на декември 2021 и јануари 2022 година од петте постојани мерни станици во Скопје, произлегува дека најчист воздух дишат граѓаните на Карпош, додека аерозагадувањето е најголемо во Лисиче, а веднаш по него следуваат Гази Баба и Ректорат, пишува Мета.

Изминатава зима мерната станица на Министерството за животна средина и просторно планирање покажува дека Карпош била локацијата со најчист воздух во однос на најопасните загадувачки честички. 

Повеќе прочитајте тука.