Гази Баба субвенционира 70% од трошоците за купување на печки на пелети

Општина Гази Баба го објави Јавениот повик за надоместување на трошоците на граѓаните на подрачјето на општина Гази Баба за купување на печки на пелети за 2022 година.

За објавениот повик, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информираше на својата официјална страна на фејсбук.

-Општина Гази Баба со цел да ги стимулира жителите за примена на почисто гориво и квалитетни печки за затоплување на своите домови,  објави Јавен повик за субвенционирање на жителите кои ќе купат печки на пелети од 01.01.2022 година па се до денот на завршување на Јавниот повик односно до трошење на предвидените финансиски средства за 2022 година, ќе им надомести дел од трошоците направени при набавка на печка на пелети во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари со вклучен персонален данок на доход по домаќинство, порача тој повикувајчи ги граѓаните да аплицираат.

Повикот ќе се реализира по принципот прв дојден - прв услужен.

За условите и потребните документи на следниот линк .