Гази Баба станува градилиште - Ќе се прават улици, но и се почнува со нова детска градинка

Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски информира дека потпишани се договори за реализација на градежни активности за целосна реконструкција на повеќе улици во Гази Баба. Општината, како што вели тој, станува градилиште. 

Потпишани договорите за реализација на градежни активности за целосна реконструкција на следните улици:

- Петре Филиповски Гарката во Триангла

- Јордан Поп Јорданов во Маџари

- Париска Комуна во Хиподром

- Патот кон гробиштата Камник

Дополнително, веќе се очекува да се склучи и договорот за реконструкција на улицата Жан Жорес во Маџари.

Градежните активности на овие локации ќе започнат во следните неколку денови, информира првиот човек на општината кој ќе се кандидира за уште еден градоначалнички мандат. 

Вели, паралелно се спроведуваат постапки за избор на економски оператори за следните капитални проекти:

-Изградба на нова училишна сала во ООУ „Григор Прличев“ – Железара;

-Надградба на ООУ „Крум Тошев“ – Трубарево;

-Изградба на нова детска градинка помеѓу Маџари и Керамидница;

-Изградба на фекална канализација во Идризово и Дрма;

-Изградба на фекална канализација за Јурумлери;

-Изградба на фекална канализација во Чукур Маало и Гоце Делчев;

-Атмосферска канализација на ул. Гемиџиска и Филип Филиповиќ – Железара;

-Изградба на каналот во Сингелиќ;

Реконструкција на улици:

- ул. Палмиро Тољати – Ченто;

- ул. 519 – Керамидница;

- ул. 22 – Сингелиќ;

- ул. 30 – Чукур Маало, Трубарево;

- Изградба на ул. 2 – Железара.