Гази Баба спремна за снегот!

Градоначалникот на оваа скопска општина, Тони Трајковски, изврши увид во состојбата во која се наоѓа машинеријата со која располага општината во пресрет на зимската сезона и наносите снег кои се очекуваат. 

Машините се одржувани и подготвени за работа, количествата на сол и ризла се задоволителни, е генералниот заклучок на Градоначалникот Тони Трајковски. Тој напомена дека организацијата на екипите оди така што Општина Гази Баба е поделена на 3 региони. Едниот од трите дела е планински, од селото Стајковци до селото Раштак, вториот регион е од Ергеле до Дрма и третиот е урбаниот дел, односно, од Железара до Хиподром. 

Секој од регионите на располагање има соодветна механизација во зависност од спецификите на регионот. 200 тони сол и ризла се веќе набавени, а во приправност се ставени 4-те возила со специјална опрема за чистење на снег и мраз и истовремено фрлање на сол. Во меѓувреме формиран е и тим за Зимска служба, каде учество земаат дел од вработените во Општината, како и секретарите на месните и урбаните заедници. Тимот е во постојана координација со Град Скопје и е подготвен да реагира на терен.