Општина Гази Баба го објави јавниот повик за финансирање на проекти на здруженија на граѓани и фондации.
- Општина Гази Баба оваа година во својот буџет обезбеди 4.000.000 денари за финансирање на проекти кои доаѓаат директно од граѓанскиот сектор. Ги повикувам граѓанските организации да аплицираат со своите проекти! - порача градоначалникот на општината Бобан Стефковски.
Јавниот повик трае до 17.02.2025 година.