Гази Баба ќе донира за настраданите во Турција и Сирија

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, поднесе иницијатива за оддржување на итна седница на Советот на општина Гази Баба со цел донесување Одлука за определување на финансиска помош за настраданите во земјотресот кој денес ги погоди Турција и Сирија.

- Општина Гази Баба со финансиска помош за настраданото население од земјотресот во Турција и Сирија. Како градоначалник на општина Гази Баба, поднесов иницијатива за свикување на седница на Советот на општина Гази Баба со цел донесување на Одлука за определување на финансиска помош за настраданите од силниот земјотрес кој денес ги погоди Турција и Сирија.

Општина Гази Баба е збратимена со општина Газиантеп, Република Турција која е најпогодена од земјотресот во Турција. Во ова тешко време за турскиот народ со кои општина Гази Баба има одлична соработка уште од 2013 година, солидарноста и хуманоста се оние кои ме водеа при покренување на оваа иницијатива.

Не е далеку 2016 година, кога токму нашата општина беше погодена од силно невреме кое зад себе остави човечки жртви и голема материјална штета. Тогаш за нас се обединија во хуманоста многу општини, градови и држави.

Гази Баба не заборава. Гази Баба помага, - напшиша Стефковски.