Гази Баба ќе доделува награди за најубаво украсени дворови, тераси, згради, деловни објекти или училишта

По повод новогодишните и Божиќните празници, се повикуваат жителите од општина Гази Баба заеднички да го разубавиме просторот во кој живееме и работиме,и да дадеме свој придонес во новогодишното украсување.

За таа цел, општината обезбеди  награди за најубаво украсените дворови, тераси, заеднички простор пред зграда (заедница на станари), простор пред стопански субјект, градинки и основно училиште.

Пријавувањето може да го направите на телефонските броевите  075/435155 и 072/255041, или лично во едношалтерскиот систем во општина Гази Баба, најдоцна до 24.12.2018 год. до 16,00 ч.

Податоците да содржат адреса и телефон за контакт.

Комисијата од општината ќе ги посети пријавените на 25.12.2018 год. по 17,00 ч.