Општина Гази Баба го објави повикот за доделување стипендии на талентираните ученици, учениците спортисти и учениците со посебни образовни потреби за учебната 2024/2025 година. Ќе бидат доделени по 25 стипендии за првите 2 групи ученици додека за третата за учениците со посебни образовни потреби ќе бидат доделени 5 стипендии.
„Износот на стипендијата изнесува 3.000,00 денари месечно без пресметан персонален данок. Персоналниот данок на стипендијата го пресметува и плаќа општина Гази Баба. Стипендијата се исплаќа од први до петти во текот на месецот за претходниот месец, девет месеци непрекинато во текот на учебната година, почнувајќи од месец октомври од тековната календарска година заклучно со месец јуни од наредната календарска година. Реализацијата на овој проект е уште еден доказ дека општина Гази Баба се грижи за сите. Ги повикувам жителите на општина Гази Баба да аплицираат“, напиша градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски на социјалните мрежи