Гази Баба додели 82 решенија за субвенции за печки на пелети

Градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски денеска додели 82 решенија за субвенции за набавка на печки на пелети.

Од општината јавија дека барање за субвенции поднеле 83 баратели, меѓутоа еден од нив бил одбиен поради некомплетни документи, односно стара фискална сметка.

Георгиевски пред присутните посочи дека го радува фактот што на секој јавен повик се пријавуваат сѐ повеќе граѓани кои се одлучуваат да користат еколошки грејни тела и материјали.

„Од општинската каса за оваа намена беа одвоени 3 милиони денари за 2018 година. Општина Гази Баба и во иднина ќе ја продолжи оваа мерка со која во континуитет ќе придонесеме за намалување на загаденоста на воздухот“, рече Георигиевски.

Гази Баба најавува дека во следниот период ќе продолжи да со реализацијата на еко акции и настани преку кои и директно ќе се влијае за оджување на чистотата на животната околина и подигниување на свеста кај граѓаните.