Гази Баба добива осум нови спортски терени за младите - Стефковски вели ветувањето е исполнето

Градоначалникот на Гази Баба Бобан Стефковски денеска направи увид во градежните работи на новиот спортски терен што се гради во Ченто, кај старата полициска станица.

Овој терен е првиот од вкупно осум нови спортски игралишта што ги градиме. Сите се со најсовремена тартан подлога која гарантира квалитетно спортување.

- Во мојата изборна програма стоеше "Подобрување на спортската инфраструктура во населените места и подобрување на условите за спортување на младите." Денес, со гордост можам да кажам – ветувањето е исполнето во целост! Инвестираме во спортот како никогаш досега! Од почетокот на мандатот изградивме 27 нови спортски терени, а со новите 8 што се градат, бројката ќе достигне 33 – терени кои се вистински центри на активен живот, енергија и заедништво, порача првиот човек на Гази Баба. 

- Веруваме во младите. Веруваме дека спортот не е само игра – туку и воспитување, здравје, мотивација и иднина. Затоа создадовме простор каде тие можат да тренираат, да се натпреваруваат, да сонуваат и да успеваат, дополни тој од терен.