Гази Баба доби ново, современо детско катче пред кино Маџари

Пред Кино Маџари во Гази Баба пуштено е ново, современо детско катче, наменето за безгрижна игра и детска радост.

Со внимателно избрани реквизити и соодветно уреден простор, создадовме средина каде децата ќе можат да играат безбедно, а родителите да се чувствуваат спокојно, известуваат од локалната самоуправа. 

Катчето е опремено со најсовремени реквизити за детска забава – лулашки, тобогани, баланс елементи и креативни едукативни содржини. Поставена е и најновата генерација гумена подлога која обезбедува безбедност при игра, но и отпорност на временски услови и долготрајна употреба.

- Ова е 70-то детско катче кое е изградено или целосно реконструирано во текот на мојот мандат. Тоа не е само бројка, туку доказ за континуитет, планирање и доследна работа во интерес на најмладите жители на нашата општина. Децата се иднината на секое општество. Тие заслужуваат безбедни и инспиративни простори за игра и развој. Со секој ваков проект, вложуваме во здраво детство, во социјализација, и во основите на едно подобро утре, порача првиот човек на Гази Баба Бобан Стефковски. 

вели дека реализираат проекти за сите – и за најмладите и за највозрасните.

-Ова катче е уште еден симбол на нашата определба да градиме урбана општина, достапна и пријателска за сите генерации. Нашата работа не застанува тука. Со уште поголема енергија и визија, продолжуваме да инвестираме во урбана опрема, зелени површини, инфраструктура и се што значи поквалитетен живот за сите жители, дециден е Стефковски кој ќе се кандидира за уште еден градоначалнички мандат на претстојните локални избори наесен.