
Општина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на граѓаните за стерилизација на домашни миленици во 2026 година.
Како што информираат надлежните, се надоместуваат 100% од трошоците, но најмногу до 6.000 денари по миленик (куче или маче), а право на учество имаат жители на општина Гази Баба кои ќе достават комплетна документација.
Условите се следни:
- Миленикот да е регистриран и чипиран (со валиден пасош);
- Стерилизацијата да е извршена во регистрирана ветеринарна установа на територија на општината;
- Да има доказ за извршена уплата.
Барањата се поднесуваат во затворен плик во архивата на општината (ул. „Архимедова“ бр.2), секој работен ден од 07:30 до 16:30 часот, известија од локалната самоуправа.