Газди на познат скопски ресторан се тепале со гости

Во скопската полиција, синоќа на полноќ, била пријавена тепачка во познат угостителски објект на булеварот Борис Трајковски.

Според пријавеното, по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир помеѓу двајца скопјани на возраст од 48 и 21 година од една страна, и сопствениците на објектот на возраст од 29 и 33 години, исто така од Скопје.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.