Газдарица, узрупаторка, самопрогласена сопственичка на Камените Кукли... Стојна од вчера е зад решетки

Газдарица, узрупаторка, самопрогласена сопственичка на Камените Кукли... вака се ословува жената која во изминатиот период направи серија инциденти на туристичкиот локалитет Камени Кукли во кратовско. 

41-годишната Стојна од вчера е уапсена, затоа што подолго време им наплаќала влезници на посетителите без правен основ, се расправала со нив и им се заканува, со што постојано го нарушувала јавниот ред и мир. Подоцна, Стојна Димитровска Боотх заедно со сопругот и нападнале полицајци на должности. 

На социјалните мрежи бурни реакции за „работата“ на Стојна како наплатувачка на билети!

Еве дел од досетливите реакции на твитерџиите: