Гаврил Бубевски е нов шеф на скопското Јавно обвинителство

Поранешниот специјален главен обвинител, Гаврил Бубевски ќе биде нов претседател на скопското Јавно обвинителство, потврдуваат неофицијално за ТВ24 од Советот на јавни обвинители.

Обвинителот Гаврил Бубевски кој беше дел од СЈО, а сега е дел од скопското Обвинителство, ги застапува предметите „Насилство во Центар“ и „Монструм“.

Скопското обвинителство без шеф остана пред половина година, откакообвинителот Сашо Рајчев се повлече од позицијата и беше избран за виш обвинител.

Изборот за нов претседател се пролонгираше поради изборите, а освен Бубевски во игра за позицијата се и Ермон Незири, односно Елизабета Павловска.

Новиот шеф на скопското Обвинителство ќе има тешка одлука, затоа што скопското Обвинителство е најголемо, со најголем број на предмети. 

Извор: 24вести