Гастроентеролог предупредува: Во Грција не јадете гиро, во Турција баклава

 

Одморот неминовно е синоним за вкусна храна автентична за дестинацијата каде одмарате.

Но, лекарите предупредуваат да бидете внимателни со гастрономските специјалитети.

Познатиот гастроентеролог од Србија Војислав Перишиќ предупредува дека не е пожелно во Грција да јадете гиро, во Турција баклава, а ако летувате во Египет не пијте вода од чешма никако.

Тој препорачува дека доволно е во деновите од одморот да внесувате по два пробиотика дневно за баланс на системот за варење.

Д-р Перишиќ појаснува зошто не е добро гирото – едно од омилените јадења на туристите во Грација.

„Избегнувајте го местото затоа што неговиот квалитет е дискутабилен. Поради високите температури често се одмрзнува и замрзнува што прави да биде контаминирано со бактерии. Подобро е во Грција да се одлучите за сувлаки, ражничи од чисто месо кои се пржат на температура од 600-700 степени“, вели докторот.

Во Египет никој не пие вода од чешма. Докторот вели строго да се придржувате до ова правило, а исто така во Египет да ја избегнувате зачинетата храна на која не сме навикнати, па може да ни предизвика гастро-нелагодности.

Во однос на Турција каде едно од најпопуларните традиционални гастро-специјалитети е баклавата, треба да се внимава да не се прејаде.

„Баклавите избегнувајте ги бидејќи долго стојат. Едно парче е доволно. Заменете ги со неколку порции овошје дневно“, вели докторот по што се наметнува прашањето како да го почувствувате духот на земјата доколу сосема се лиште од овие традиционални вкусни јадења.