Гастритисот и надуеноста исчезнуваат за неколку дена: Моќен сок од две едноставни состојки

Исхраната е многу важен фактор ако сакате да се ослободите од оваа напорна состојба, но постои и природен лек кој ви помага да ја зачувате цревната флора.

Гастритисот е честа болест, која всушност претставува воспаление на желудникот. Оваа состојба е проследена со крварење, болка, губење на апетит и чувство на надуеност.

Предизвикувачи на гастритис можат да бидат несоодветна исхрана, стрес, пушење цигари, алкохол, како и конзумирање на одредени лекови.

Исхраната е многу важен фактор ако сакате да се ослободите од оваа непријатна состојба, но има и еден природен лек кој може да ви помогне да ја зачувате цревната флора и да спречите повторно појавување на овие симптоми.

Потребни ви се само две состојки: моркови и целер. Ставете го целерот и два моркови во блендер и испасирајте. Конзумирајте го овој сок секој ден и вашиот желудник за брзо време ќе се смири.

За дигестивниот систем одлична е и водата од ориз. Едноставно, кога варите ориз, него изедете го, а водата процедете ја и испијте ја кога ќе се олади.