Ганиу: Изолирањето на Чаир не е решение

Последната недела бројот на заболени е фрапантно зголемен, оценува градоначалникот на Чари Висар Ганиу. Ние преземавме мерки по сите препораки што ни беа дадени, кажа тој за Телма.  Тоа што беше под наша надлежност ние како општина максимално го направивме, тврди Ганиу.

-Ние важевме за општина која имаше најмалку заболени а пред завршувањето на Рамазанските пости имавме само тројца кои само со адреса се водеа во Чаир а не живееја таму. Не би сакал да прејудицирам и да навлегувам во анализи за кои како локална власт немаме ниту ингеренции ниту пак имаме стручни луѓе кои тоа би го направиле, рече тој.

Според него не ме може само Чаир да биде изолиран, затоа што тоа би значело отсечување и на општините Бутел и Шуто Оризари.

-Од денешните дијагностицирани со Ковид-19 само 4 или 5 живеат во Чаир а остантите се во околните општини или населби. Овој проблем не го решавеме само со Чаир и ако се презема нешто мора тоа да биде направено заеднички за цело Скопје. Чаир е артерија преку која се поврзуваат и две други општини, Бутел и Шуто Оризари до каде сите патишта поминуваат преку Чаир, вели Ганиу.