Галетановски поднесе документи за директор на Зоолошка, вели дека ќе ги подобри условите и ќе ја врати гордоста на институцијата

Екс директорот на Зоолошката градина, Ѓорѓи Галетановски на неговиот Фејсбук профил откри дека поднел документи на огласот на град Скопје за директор на Зоо Скопје. Како што тој вели ова го прави во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија кои му пишале деновиве но најмногу за животните и колегите кои заслужуваат мир и благосостојба достојни за нив.

„Барам од градоначалничката Данела Арсовска и советот на Град Скопје мандат од една година во кој тврдам и ветувам дека со моите колеги и многу општествено одговорни компании и јавни личности од државава ќе ги подобрам условите и ќе ја вратам нивната и гордоста на Зоо Скопје. Мојата визија е враќање на кандидатурата во ЕАЗА и дистанцирање на Зоо Ск од политички влијанија“, напиша Галетановски.