Неколку илјади граѓани денеска маршираа низ скопските улици на „Парадата на гордоста“, што се одржа за прв пат во Македонија.
Парадата започна во 12 часот пред паркот „Жена борец“ и продолжи кон Градскиот парк каде што покрај неколку музичари, настапи и Тамара Тодевска со песната „Прауд“
Маршот што го обезбедуваа голем број полициски единици помина без никакви инциденти.
Денес во Скопје се одржа и настан за промоција на вредностите на семејството. Фотографиите може да ги погледнете тука.