Претседателот на државата пред три дена прогласи вонредна состојба на територија на целата држава, а владата на вчерашната седница донесе одлука со која се ограничува движењето на граѓаните во период од 21 до 06 часот.
На само десет часа пред првиот полициски час во историјата на државата, улиците се празни и сообраќајот функционира со минималец капацитет. Потсетување дека за десет часа од сега, односно во 21 часот стапува на сила одлуката со која полициските службеници ќе го казнуваат секое движење на граѓаните.
Останете дома, почитувајте ја одлуката на владата.