Вчера заврши 4-тото издание на меѓународниот фестивал на светло и светлосна уметност, Skopje Light Art District.
25 уметници од 14 земји изминатите 4 дена со помош на своите светлосни дела, инсталации и светлосни перформанси го обоија Скопје и ги забавуваа скопјани.
Во знак на солидарност поради трагичниот настан со пожарот во КОВИД 19 болницата во Тетово и прогласената тридневна жалост на територија на цела држава, изминатите денови светлосните инсталации беа активни, но без музика и звук. Уметниците на 14 јазици испишаа пораки на надеж, кои потоа беа проектирани на бината Школка, една од локациите на овогодинешното издание на светлосниот фестивал.