Најверните навивачи на Вардар приредија еуфоричен пречек за своите херои, кои попладнево се вратија од Унгарија, каде црвено-црните го елиминираа Пик Сегед и по третпат по ред се изборија за пласман на Фајнал4 турнирот во ЕХФ Лигата на шампионите.
Фановите ги скандираа имињата на играчите и пееја навивачки песни, користејќи ја можноста да направат селфи и да добијат автограм од своите идоли.