[Галерија] Публиката во еден глас пееше: 18 години љубов, музика и поразлично Скопје

Преполна сала, ведри лица со континуирано радосно расположение, вака беше прославено полнолетството на еден од најпрепознатливите фестивали кај нас - „Таксират“.

Големата сцена во „Метрополис арената“ беше домаќин на годинешниот победник на „Лузер фест“, бендот „Контакт 59“, како и позвучните бендови од македонската музичка сцена: „Чиста околина“, „Санаториум“, „Фолтин“ и „Архангел“.

За заокружување на музичкото патешествие, како и неколкупати низ годините на „Таксират“, последниот термин е резервиран за Кирил Џајковски и ТК Вондер, кои ја продолжија журката до раните утрински часови.

Фото: A. Костадиновска